Дете од Скопје пријавило во полиција дека татко му го натепал и го избркал од дома

Дете од Скопје вчеравечер пријавило во полиција дека татко му најпрвин физички го нападнал, а пото и го избркал од домот, соопшти МВР.

На 19.09.2022 во 21.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19,00 часот неговиот татко Т.М.(49) физички го нападнал и го избркал од дома“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава

Total
0
Shares
Поврзани објави