Дизелот од полноќ поевтинува за половина денар, цената на бензините останува иста

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на дизелот ќе изнесува 77 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 75,5 денари за литар.

Цената на бензините останува непроменета – Еуросупер БС – 95 и натаму ќе се продава за 80 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 за 82 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,559 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,773 денари

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Италија одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на повереници, во обид да избегне затворање поради претстојното ембарго на руската нафта преку море

Италијанската влада во четвртокот одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на…