Директорот на ЕСМ поднесе оставка од лични причини

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски поднел оставка поради лични причини. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека за оваа тема разговарале уште минатата година, но одлучиле оставката да биде одложена до завршувањето на зимската грејна сезона и справувањето со енергетската криза.

Премиерот вели дека за конечната одлука да си поднесе оставка слушнал утрово, а таа ќе биде утврдена на следната владина седница. Тој додаде дека на седницата ќе биде разгледана можноста на негова позиција ќе биде поставен Васко Стефанов.

Васко Ковачевски на заедничката прес конференција со премиерот изјави дека ЕСМ ја заврши годината со добивка од 41 милион евра како резултат на зголеменото домашно производство и намалените трошоци.

Надзорниот одбор на ЕСМ го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор во јули 2019 година, функција на која дојде од местото директор на РЕК „Битола“ (најголема подружница на ЕСМ) каде беше назначен во јануари 2018 година.

Ковачевски, како што пишува во неговата биографија, е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на Општина Битола во периодот од 2013-2014 година, како и пратеник во Собранието од редовите на СДСМ во два мандати (2014-2016 и 2016-2017 г.).

Покрај Ковачевски од ЕСМ заминуваат и други два члена на управниот одбор на ЕСМ. Станува збор за

Ковачевски презентирајќи ја работата на ЕСМ во изминатата година, посочи дека енергетската криза била претворена во можност со политиките на Владата. Тој посочи дека никој не бил оставен сам да се справува со кризата.

„Се шпекулираше дека нема да имаме домашно производство на домашна енергија, дека ќе имаме рестрикции, дека ТЕЦ Неготино нема да проработи, дека ќе имаме ценовен шок, дека Град Скопје ќе остане без топлинска енергија, низа други шпекулации и лаги – кои за среќа на граѓаните се покажаа како неточни. Нашите граѓани имаа сигурно и стабилно парно греење во текот на целата грејна сезона. Кризата ја претворивме во можност“, изјави премиерот Ковачевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави