Дојава за бомба и во „Александар Палас“ каде требаше да се појави Ковачевски – откажани летови на аеродром

Нова серија дојави за бомби утрово е испратена до повеќе места во Скопје, меѓу кои и хотелот „Александар Палас“ каде во 10 часот требаше да започне годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија.

По дојавата, конференцијата се откажа, а на истата беше предвидено да се појави и премиерот Димитар Ковачевски кој требаше да има воведно обраќање.

Покрај премиерот, на настанот беше најавено присуство и на министрите за економија и финансии, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, кои, пак, требаше да говорат на панел сесија.

Покрај „Александар Палас“, дојави за бомби денеска има и на Меѓународниот аеродром Скопје поради што привремено се откажани сите летови, трговскиот центар „Ист Гејт“ и ФФМ.

Total
0
Shares
Поврзани објави