Едно лице го загуби животот, а уште три повредени во сообраќајна несреќа кај Битолско

Едно лице го загуби животот, а уште три се повредени во трагичната несреќа која се случи вчеравечер на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина на селото Братиндол- Битолско.

Во 19:32 часот се случила несреќата во која учествувале две патнички возила со марки ,,бмв” и марка ,,рено клио”. Возилото ,,бмв” управувано од Б.Н.(24), а во него сопатник К.Ш.(25) и двете лица од Ресенско. Патничкото возило ,,рено клио”, со охридски регистарски ознаки, било управувано од Г.С.(50) од Охрид и во него сопатничка била Н.С.(55) од Охрид.

Лицето Г.С(50) кое нго управувало возилото со марка ,,рено клио” им подлегнало на повредите и кај него е константирана смрт-доктор од Клиничката болница во Битола.

Екипата на СВР Битола изврши увид на лице место. Протокот на сообраќај ќе се одвива на релација Битола-Ресен(, по стариот пат.

Total
0
Shares
Поврзани објави