Екс директорот Васев пред Анкетната комисија – „Земав лекови на реверс за пациенти да продолжат со терапија“

Лековите ги земав на реверс затоа што доколку им се прекинеше терапијата на болните тие се доведуваа во опасност да им се врати болеста. Вака екс директорот на Онкологија Нино Васев образложуваше околу набавката на лекови за која во ревизијата стоеше дека биле без тендер.

„Нема друг начин вие да не загрозите живот на пациент ако не дадете терапија, значи не е оштетен буџетот ви кажав дека од тие количини од таа година без денар поскапо се влезени, значи тие лекови ни фалеа на Институт.  Како да им прекинете, три месеци да чекаме тендер да заврши, сигурно дека, значи во тој момент јас сум имал сигурно можност да дадам оставка и можеби сум требал да направам имате право“, вели Нино Васев.

Васев демантираше дека наместо биолошки лекови се давал физиолошки раствор. 

„Да се даде физиолошка терапија наместо лек, тој кој го напиша тоа треба да го докаже и понесе одговорност ако не е така“, порача Нино Васев.

Во врска со наводите за кражба на цитостатици кои потоа биле продавани на црно, Васев потврди дека на сестрата која била фатена во овој случај, била вратена на работа, а потоа го повторила делото. Тој беше прашан и за обвинувањата дека на Онкологија била лечена мајката на економскиот директор Нехат Нухиу за која се тврдеше дека не била болна од карцином.

„Пациентката не е примена како онколошки случај туку ОБС, се сомневаме на нешто онколошко, од каде знаете вие, плуќа, вода, тоа е корона време. И таму не е со малигна болест таа заведена, туку ОБС, значи се сомневаме на малигна, зашто таков низок хемоглобин  има кај леукемии и нели кај тие тешки болести“, вели Нино Васеб.

Васев одговараше и зошто КАТО системот не е ставен во употреба, тој рече дека тој систем немал изолатор, а подоцна се увидело и дека софтверот не е комплетно функционален. На овој систем работеле осум сестри кои поради тоа што немало изолатор за жалеле на здравствени проблеми и барале да се отстрани, во спротивно дури се заканиле и дека ќе напуштат работа.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Превртен автомобил кај МАНУ

Утрово во 02.55 часот било пријавена сообраќајна незгода на булеварот „Крсте Мисирков“ каде што патничко моторно возило „Пасат“…
Повеќе

Чичко Војо е дома

На социјалните мрежи синоќа се ширеше повик за помош во потрага по исчезнат постар човек кој боледува од…