ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје- РКЕ ќе го разгледа нивното барање

ЕСМ бара промена на максималниот регулиран приход и цената за дистрибуцијата на топлинска енергија за 2024 година.

Според поднесеното барање, компанијата предлага зголемување на трошоците за гориво за 12,92%, што ќе влијае на крајната цена за топлинската енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите.

Барањето за промена на цените е дел од редовната процедура, а Регулаторната комисија за енергетика ќе го разгледа на својата седница.

Регулаторот има одговорност да ги одобри или модификува предложените промени во цените, врз основа на анализи на трошоците и оправданоста на предлогот од страна на компанијата.

Паралелно повикот за набавка на гас за следниот месец е поништен и нема да се бира најповолен понудувач, стои во соопшштението на ЕСМ.

На последниот повик ЕСМ купи гас од бугарски снабдувач и одеше со фиксна цена од 64 евра за мегават час.

Total
0
Shares
Related Posts