Жан Митрев не се чувствува виновен, изјави на судењето за измама

Апсолутно не се чувствувам виновен за делото кое ми се става на товар, изјави обвинетиот Жан Митрев кој се товари за продолжено кривично дело „измама“, на денешното судење.

Покрај Митрев, дека не се чувствува виновно за истото кривично дело, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје се изјасни и застапничката на правното лице, која рече дека во целост го одбива обвинителниот акт.

Одбраната на Жан Митрев и на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на Јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти.

Јавната обвинителка за ова барање рече дека е сосема неоправдано , бидејќи, според неа одбраната не само што ги знае туку ги има тие докази бидејќи таа ги доставила до обвинителство.

Судот потоа донесе решение да не се одложи главната расправа од причина што доказите се доставени до одбраната во текот на постапката, односно во текот на истрагата. Процесот го води судијката Лидија Петровска.

Total
0
Shares
Поврзани објави