За 15 дена МВР треба да достави информација за убиствата на Панче и Вања до Собранието

Сите информации кои МВР ги поседува за грозоморните убиства на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои ќе бидат опфатени и активностите и мерките кои ги презеле полицијата и другите безбедносни служби поврзани со овој случај да се достават во Собранието, побара пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на собраниската седница на Комисијата за одбрана и безбедност.. Овој предлог комиисјата го прифати и го задолжи министерот

Спасовски во рок од 15 дена да ги достави информациите. Трајанов вели целта на барањето е во Парламетнот да се разговара дали имало пропусти при постапувањето и доколку тоа се утврди биде побарана и политичка одговорност.

-Во време кога сите практично жалиме што тоа се случи имаме колективна траума во државата претседателот на Владата секојдневно го користи овој случај за дискредитација на политички партии, на носители на функции се разбира првенствено ја напаѓа опозицијата мислам дека ова нема да престане… Предложив на комисиајта да се нарпави посеопфатана анализа хронологија на случувањта презмените мерки и сознанија од страна на МВР и другите служби за безбедност дали функционира тој систем има слабости.- Павле Трајанов – пратеник и претседател на Демократски сојуз

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинија за пропусти при постапувањето на МВР. Пратеникот Драган Ковачки тврди дека министерот Спасовски ја излажал македонската јавност за клучни моменти од истрагата за киднапирањето и убиството на Панче и малата Вања.

-Возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато. Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР. И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања. Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација.- Драган Ковачки – Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Владата го задолжи МЗ вo рок од два дена да достави информација по објавената сторија за случувањата поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција посочи дека е побаран вонреден инспекциски надзор во Клиничката…