Зеќири осуден на две и пол години затвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Исто така Зеќири треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет.

Во оваа пресуда, која не е правосилна, се пресметува и времето што Зекири го помина во куќен и во ефективен притвор

Како што кажа судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за време на пресудата, Зеќири склучил договор во четири очи, без да се даде можност за конкурентски понуди.

„Мухамед Зеќири виновен е затоа што од април 2021 до март 2022 година, во својство на генсек извршил две временски поврзани дејствија. Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата Интерхолдинг на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата

Total
0
Shares
Поврзани објави