Дамјан Манчевски: Со кабли сакаа да не обесат

На судскиот порецес за 27 април или крвавиот четврток прв сведок е министерот дамјан манчевски. Тој во детали раскажува како се случил нападот во прес салата на собранието и дека имало и вооружено лице.

„Лицето со оружје се издвојуваше од другите, беше помирен не викаше, не скандираше, имаше фокусиран поглед кон Заев. Не го извади целосно оружјето, но посегнуваше по него повеќе пати“, рече Манчевски.

Тој сведочеше дека насилниците фрлале со предмети, сталаци, мебел, тастарури. Но најстрашно од се е што со кабли се обидувале да ги фатат за да ги обесат пратениците кои во тој момент биле во прес салата.

Манчевски бил удиран и со чадор, кој како што рече, го откупил за 1000 денари од човекот кој го удирал.

На денешното судско рочиште треба да сведочат и пратениците Павле Богоевски, Фросина Ременски и Илија Николовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сеад Кочан во болница

Сеад Кочан хоспитализиран во приватна болница пет дена пред да оди во затвор, според упатниот акт. Не се…