На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.“Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот.
Изгоре возилото на сопругата на Шилегов

