Инела и нејзиниот 13 -годишен син најверојатно се задавени: Обвинителството со детали за хоророт во БиХ

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по Емир Селимовиќ, кој е осомничен дека синоќа во Калесија ги убил сопругата Инела и 13-годишниот син, пишува Klix.ba.

Не се знае дали Селимовиќ по кого трага полицијата е вооружен.

„Синоќа полициски службеници од Управата за внатрешни работи на кантон Тузла, ПС Калесија, по пријава и со одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде што пронашле безживотни тела на жена и дете. Секторот на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон презема понатамошни активности“, изјави Аднана Спречиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла.

Дежурниот обвинител и истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Тузла синоќа извршија увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде беа пронајдени двете безживотни тела, на 37-та жена и нејзиниот тринаесетгодишен син.

Човекот осомничен за двојно убиство во моментов е во бегство и по него се трага, се вели во соопштението на Обвинителството ТК, пренесе Аваз.ба.

Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта.

Во тек се сите потребни истражни дејствија, кои по наредба на обвинителот ги спроведуваат истражители на Одделот за криминалистички истраги при МВР на кантонот Тузла и Одделот за криминалистичка полиција при полициската станица Калесија, со цел утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство, информираат од Обвинителството на кантонот Тузла.

Инаку, Инела Селимовиќ, беше кандидатка за Советот на општина Калесија на локалните избори во 2024 година, претставувајќи ја партијата Народ и правда (НиП).

Оваа информација на платформата Фејсбук ја потврдија од општинскиот комитет на партијата.

– Нашата драга Инела…Нека е вечен мир на твојата благородна душа и душата на рајската птица, твојот син.

Ќе те паметиме по твојата насмевка која како „зараза“ ја рашири меѓу нас и на сите што ќе ги запознаеш.

Монстуозното злосторство против тебе и твојот син не шокираше сите нас.

Не сакаме да станете дел од статистиката на „несреќните“ настани!

Ги повикуваме институциите на Босна и Херцеговина да си ја завршат работата.

Има уште многу да се додаде.

Но, сега ќе тагуваме… – се наведува во соопштението на партијата НиП Калесија.

Total
0
Shares
Related Posts