И Талат Џафери ќе си поднесе оставка, ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени

По депонирањето на оставките од страна на министрите од редовите на ДУИ и собранискиот спикер Талат Џафери е подготвен да ја следи нивната одлука и да се повлече од функцијата. Условот, како што е веќе добро познато во јавноста, е пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Ваквата најава претседателот на Закондавниот дом ја соопштил во интервју за МИА, кое во целост ќе биде објавено утре.

„Следствено ако сите си одат, зошто јас би инсистирал да останам“,изјавил Џафери во интревјуто, од кое државната новинска агенција попладнево објави делови во врска со најновните актулености на политичката сцена поврзани со уставните измени.

Во врска со прашањето за парламентарните избори и барањата на опозицијата за нивно предвремено одржување наесен, личен став на собранискиот спикер е дека тие треба да се одржат во редовен термин. Во однос на тоа дали избори кои би се одржале во поскоро време би ѝ помогнале на ДУИ да задржи што е можно повеќе гласови, претседателот на Собранието вели дека за тоа пресметките ги прават партиските органи.

„Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и промпно беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот (на ВМРО-ДПМНЕ н.з.) тоа го соопшти“,вели Џафери за државната новинска агенција.

На прашањето дали се согласува со ваквото делување на ДУИ и дали ќе го следи, Џафери велио дека ако е во полза на идејата, ќе ја следи ваквата одлука.

„Во принцип ако сте дел од некоја организација ако има можности ќе си го кажете мислењето и на крај ако има одлука, доколку сакате да продолжите да сте дел од организацијата ќе ја испочитувате одлуката која што е донесена во спротивно треба да решите да одите од субјектот“,вели собранискиот спикер.

За потсетување, вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Македонците без визи во САД?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, формираше работна група која ќе има задача за приклучување на Република Северна…