Ковачевски ѝ ја нуди и премиерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, ако опозицијата има човек што ќе застане зад уставните измени

Владини извори велат дека сега е важно ВМРО-ДПМНЕ да ги консолидира своите позиции по минатонеделната лидерска средба и се надеваат дека опозициската партија ќе „остане во процесот“ за успешно спроведување на уставните измени со кои Бугарите и деловите од други народи треба да бидат вклучени во Уставот

Димитар Ковачевски му дал неколку опции на Христијан Мицкоски кога му ја испратил поканата за лидерската средба која се одржа минатата недела, брифираат високи владини извори. Тие опции биле – да се сретнат сами во формат еден плус нула или, пак, со по еден или по двајца придружници, односно формат еден плус еден или еден плус два. Мицкоски ја избрал опцијата, да се видат насамо.

Тоа значи дека од средбата и од тоа што е кажано на неа остануваат само двајцата сведоци, кои имаат различни толкувања на тоа што точно се кажало. Но, различни се толкувањата и за кажаното на прес-конференциите по средбата, иако на нив посведочи целата јавност.

Од Владата денеска брифираа дека остануваат на ставот дека Мицкоски направил големо поместување во однос на своите претходни позиции – дека по никоја цена нема да прифати уставни измени за додавање на Бугарите. Фактот што опозицискиот лидер зборува за услови под кои би ги поддржал измените, за власта е јасен сигнал за промената на ставот. Впрочем, потсетуваат високи претставници на владејачката гарнитура, во не толку далечното минато опозицијата протестираше против т.н. француски предлог и тврдеше дека нема да го прифати под никаков услов, а пратениците потпишуваа изјави дека никогаш нема да гласаат „за“.

Независно дали ваквото толкување го дели и Мицкоски, од власта се многу јасни.

„Дијалогот за обединување треба да продолжи. Оставаме простор ВМРО-ДПМНЕ да го консолидира своето мислење. Гледаме професори имаат едни мислења, потпретседатели на партијата имаат различни ставови, некои потврди, некои помеки“,брифираат од Владата.

Како што е веќе познато, СДСМ веќе направи работни групи по средбата Ковачевски-Мицкоски. Од власта ја оправдуваат ваквата одлука со фактот дека се појавиле поголем број прашања што треба да усогласат пред потенцијално продолжување на процесот.

Од власта не гледаат потреба од нова лидерска сè додека не се усогласат некои од тие отворени прашања. Ако тие прашања се решат, брифираат од Владата, дури и премиерот Ковачевски е подготвен да му ја понуди премиерската позиција на човек на опозицијата. Но, дополнија, ако тој човек е спремен да застане зад процесот, како што застанал Ковачевски кога ја потпишал иницијативата за уставните измени со кои бугарскиот народ ќе влезе во Уставот на РСМ.

Од власта велат и дека партијата СДСМ останува на позицијата да даде пет од своите 10 министерски места на ВМРО-ДПМНЕ. А на ВМРО-ДПМНЕ, велат од власта, би им останале и сите позиции кои би се ослободиле со напуштањето на Владата од страна на ДУИ и потенцијално другите партии на Албанците.

Total
0
Shares
Поврзани објави