Кралицата ќе биде погребана денеска , стотици претседатели , поглавари монарси ќе дојдат во Лондон

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државното испраќање на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон. Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ, во близина на замокот Виндзор.

Државниот погреб на кралицата, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу гостите се и јапонскиот император Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да бидат поставени на погребната поворка. Земјата денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе се прикажува во стотина кина и во паркови на големи монитори.

Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесен во замокот Виндзор, каде вечерта ќе биде погребана во најтесниот круг на семејството.

Утрово ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на кочија, која ќе ја влечат поморски офицери, традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

Иако богослужбата што ќе ја одржи игуменот Дејвид Хојл ќе започне напладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да ги прими 2.000-те гости. Заедно со државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред се здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид.

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери Џастин Велби, по што ќе има две минути молк во црквата и низ Обединетото Кралство. Државниот погреб ќе заврши околу 13:00 часот со националната химна, последен поздрав од труба и хир што ќе го свири гајдаџијата на кралицата.

Странските државници потоа ќе присуствуваат на приемот организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква, веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, низ Лондон се движи до Хајд Парк, со камбаните на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен во Виндзор, на југоисток, на триесетина километри од главниот град.

Од 16 часот по средноевропско време ќе започне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе ја мине петкилометарската Долга прошетка на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката.

На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20:30 часот кралицата ќе биде погребана во најтесниот семеен круг во спомен капелата на нејзиниот татко Џорџ Шести.

Total
0
Shares
Поврзани објави