Крајната одлука за законите за коридорите ќе ја донесе Пендаровски

Претседателот на државата (Стево Пендаровски) ќе го каже својот финален збор во однос на законските решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д , врз основа на анализата којашто тој и неговиот правен тим ќе ја направи за законите кои Собранието веќе ги усвои, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

-Никогаш не ги прејудицирам одлуките на претседателот на државата или на претседателот на Собранието, тие се посебни власти во државата. Јас лично, зборувајќи во мое име, сметам дека се работи за закони коишто се потребни заради изградба и тоа не само на овој проект, бидејќи ако ги погледне законите – се работи за усогласување на нашето законодавство за побрзо, поевтино и поефикасно проектирање и изведба на инфраструктурни проекти во патната, железничката, гасната и електричната инфраструктура во државата – рече Ковачевски.

Петте измени на закони кои се поврзани со изградбата на коридорите, а кои беа усвоени на вчерашната пленарна седница на Собранието, уште вчера попладне стигнале во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Во следните денови, како што информираат оттаму, законите ќе бидат разгледани од страна на претседателот и ќе биде донесена одлука дали и кои укази ќе бидат потпишани.

Пендаровски на почетокот на месецов изјави дека не го видел договорот кој државава го има склучено со „Бехтел и Енка“ во изворна форма и дека ќе ја почека собраниската дебата во врска со, сега веќе увоените законски измени, а потоа ќе се произнесе во врска со нив и ќе одлучи дали да ги потпише указите за нивно усвојување.

Total
0
Shares
Поврзани објави