Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња.
„Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението.
Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“.
„Ние ќе ги обезбедиме сите потребни материјали, вклучувајќи боја, четки и останата опрема. Не е потребно никакво претходно искуство – дојдете во облека која нема да ви пречи да ја обоите и донесете го вашиот ентузијазам и подготвеност да направите разлика!“, велат од таму.
Акцијата се случува во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.