Ленин Јовановски се повлекува од протестот на приватните превозници, но автобусите и натаму ќе го блокираат Скопје

Ленин Јовановски вели дека не сака неговото име да биде изговор за дефокус од вистинскиот проблем што го имаат приватните превозници и затоа се повлекува од протестот, со цел, како што рече, да помогне во решавање на проблемот. Неговото повлекување, сепак, нема да ги повлече и автобусите од улиците. Тие остануваат и натаму да го блокираат главниот град.

„Поради тоа што во изминатите денови секој ден се повеќе се споменува моето име Ленин Јовановски како клучен проблем и изговор на одредени и политички структури и интересни групи коишто се фокусираат на мене како личност и на ‘Слобода превоз’ и на некакви бизнис или лични интереси што исто така беа споменати во обраќањето на секретарот, јас од денеска во целост ќе се повлечам од мојата улога во овие протести за да помогнам и да не бидам изговор ниту јас ниту ‘Слобода превоз’ за нерешавањето на овој проблем“,изјави првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јованоски.

Тој кажа дека неговото име и фотографии што деновиве се појавуваат во јавноста, а на кои тој се појавува со лица од одредени политички структури, за од нив да се прави политичка пресметка. Според Јовановски, во јавноста се дава политичка компонента од неговата поддршка за одредена политичка партија, но и од поддршката која тој јавно ѝ ја даваше на актуелната градоначалничка на Скопје во предизборието. На тој начин, како што рече, се создава комплетен дефокус од вистинскиот проблем и од незафаќањето на институциите да го решат проблемот.

Total
0
Shares
Поврзани објави