Лубеницата освежува и лечи – направете мохито од лубеница

Генерално се смета дека лубеницата содржи само вода и освежува на топло време. Но лубеницата покрај течност содржи многу витамини и минерали и дека значително придонесува за нашето здравје. Лубеницата е многу погодна за човечка исхрана во текот на летото, бидејќи му ги надополнува изгубените течности, витамини и минерали. Лубеницата  всушност е зеленчук од семејството на краставици. Лубеницата се користи како храна во речиси сите земји на светот. Содржи многу вода и има малку калории, па затоа е погодна како диуретик и за чистење на телото, но, исто така, содржи и корисни состојки: азотна киселина, бакар, бета каротинот, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони,витамин А, витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6,витамин Ц, железо, глутатион, етерични масла, јаболкова киселина.

Јод, калиум,калциум, магнезиум,органска киселина, протеини, фосфор, целулоза, цинк,шеќер.

Во исхраната се користи плодот на лубеница, но исти така се користат и семките и кората. Сокот од лубеница во комбинација со друго овошје е многу здрава напивка. Во многу земји, лубеницата се користи за подготовка на солени и слатки јадења и салати, додека во нашата земја, главно како десерт. Во Африка се користат и семките за подготвување на леб. Лубеницата има и  лековитите својства за: акни, анемија, артеросклероза, артритис, астма, жолчката, болести на забите и усната шуплина, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, главоболка, дебелина, губиток на памтењето, дијабетес, депресија, едем, егзема,

Импотенција, камен и песок во бубрезите, поспаност, неплодност, изгореници, високо ниво на холестерол, проблеми во бременоста, хемороиди, херпес, хроничен замор,мозочен удар.

Лубеницата може да се користи како диуретик и за изгореници и некои кожни болести. Се користи како облога, посебно сокот и кората.Лубеницата ја подобрува pH на крвта и на крвните садови и ги чисти масните наслаги. Кај дијабетичарите, и кога имаме проблеми со триглицериди, треба да се внимава колку количински јадеме лубеница.

Мохито од лубеница

Состојки:

2 лажици маслиново масло

2 ленти рендан лимон

1 лажица шеќер, малку сол

свежо мелен црн бибер

1/2 мала лубеница,  нане

морска сол

Подготовка:

Изматете ги  маслото, сокот од лимон и шеќерот во чаша. Зачинете со сол и црн бибер.

Сервирајте ја лубеницата, прелијте ја со преливот, рендана кора од лимон, нане и морска сол.

(рубриката здравје е дел од соработката на Досие со Озона – онлајн продавница за органски , био и озонирани овошје и зелнчук – информации на вибер на 070356536)

Total
0
Shares