Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на трите млади момчиња во Италија

Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на трите млади момчиња кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија.

„11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу нас. Општината ќе излезе во пресрет на семејствата“, велат од Општината Македонска Каменица.

Министерството за надворешни работи информираше дека се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.

Total
0
Shares
Поврзани објави