Мајка и бебе меѓу повредените во нападот во трговскиот центар во Сиднеј, се шират фотографии од лице за кое се тврди дека е напаѓачот

Повеќе луѓе се избодени со нож во популарен трговски центар во Сиднеј, меѓу кои и бебе и нејзината мајка, јавуваат австралиските медиуми.

Нападот се случил во саботата попладне нешто пред 16 часот по локално време.

На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии од лице за кое се тврди дека е напаѓачот, како прободува луѓе во трговскиот центар „Вестфилд бонди џанкшн“ во Сиднеј.

Џејсон, еден од купувачите евакуирани од центарот, изјавил за австралиски 9 Њуз дека го видел наводниот напаѓач со „голем нож“.Стотици луѓе беа евакуирани од трговскиот центар по инцидентот, објави новинската страница news.com.au. Државната телевизија Еј-би-си објави дека некои луѓе се заробени внатре.

Брзата помош во Нов Јужен Велс потврди дека седум лица биле пренесени во градските болници, вклучително и едно бебе кое било пренесено во детска болница.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил застрелан. Наводно се убиени четири лица, а не се знае дали меѓу нив бил и напаѓачот.

„Се повикуваат луѓето да ја избегнуваат областа. Истрагата за инцидентот е во тек и нема дополнителни детали“,се вели во соопштението на полицијата.

Двајца сведоци изјавија за Ројтерс изјавиле дека слушнале истрели.

„И 20 минути откако луѓето беа извадени од трговскиот центар, видов специјалци како ги чистат околните улици“,изјавил еден од сведоците.

Еден сведок рекол дека виделе жена како лежи на подот, а потоа се засолниле во златарница.

Државната полиција на Нов Јужен Велс соопшти дека полициската операција е во тек, но не соопшти повеќе детали.

На неколку објави на социјалните мрежи можеше да се види толпа луѓе кои бегаат од трговскиот центар, а полициски возила и служби за итни случаи брзаа кон областа.

Total
0
Shares
Поврзани објави