Милатовиќ по победата: За пет години ќе ја внесеме Црна Гора во ЕУ

Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во своето прво обраќање откако го победи Мило Ѓукановиќ порача дека со оваа победа се збогувале со последниот диктатор во Европа и рече дека ќе ја внесе Црна Гора во ЕУ за пет години.

-Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора. Вечерва заедно со сите граѓани им кажавме збогум на корупцијата и криминалот. Никогаш повеќе. Рековме добра вечер на побогата, успешна, европска Црна Гора. Вечерва сакам да кажам дека срцето ми е големо затоа што добив толкава доверба од граѓаните. Ветувам дека навистина ќе бидам претседател на сите граѓани на Црна Гора. Никогаш повеќе нема да не поделат, осиромашуваат, Црна Гора се движи кон земја на правда, доверба, заедништво, европска Црна Гора.

Во следните пет години ќе ја внесеме Црна Гора во Европската унија, ветувам, никогаш повеќе да не војуваме од Црна Гора кон нашите соседи и земјите од Западен Балкан, сакаме европски Западен Балкан. Се збогувавме со последниот диктатор во Европа. Затоа вечерва ќе им кажам благодарам на сите луѓе кои во изминатите 30 години го носеа факелот на слободата што блесна вечерва, рече Милатовиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави