Мицкоски повика на сенароден протест утре во 19 часот на платото пред Владата – НЕ за францускиот предлог

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата. Тој вели дека францускиот предлог е срам и предавство и ги задоволува сите бугарски барања

Никогаш нема да прифатиме предлог кој е ултиматум и диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако час претходно Владата го објави францускиот предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции на нејзината веб страница. Лидерот на опозицијата вели дека предлогот кој е на маса е всушност истиот кој веќе еднаш беше одбиен и оти истиот ги содржи сите бугарски барања.

Мицкоски вели дека одобрувањето на ваква рамка значи или асимилирани и бугаризирани во ЕУ или засекогаш надвор од ЕУ.

„Прифаќањето на ваквиот предлог значи целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Тоа значи дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански биле Бугари. Дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Ковачевски, Османи и Маричиќ ќе ви кажува нешто поинаку, Ви кажувам дека не ја говори вистината, Ве лажат. Јас и ВМРО-ДПМНЕ нема да сме соучесници во таков процес и ќе се бориме за вистината и против ваквиот нокаут на македонската дипломатија“, изјави Мицкоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави