Момче влегло да се капе во водите на брана и исчезнало: се трага по 29-годишен струмичанец

Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче.

„На 16.07.2023 во 13.30 часот во СВР Струмица, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од с.Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол“ соопшти СВР Струмица.

За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Total
0
Shares
Поврзани објави