Москва повторно мета на напад со дронови, еден удрил во истата зграда што беше погодена пред два дена

Руската противвоздушна одбрана соборила „неколку“ беспилотни летала кои биле насочени кон московскиот регион, изјави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, пренесe Гардијан. Во нападот, како што се наведува, била погодена истата високакатница во која пред два дена, исто така, удри дрон.

Според Риа Новости, во зградата која денеска повторно беше нападната, се сместени неколку владини агенции.

Руското Министерство за одбрана, кого го цитира државната новинска агенција Тасс, соопшти дека двe беспилотни летала биле уништени од системите за противвоздушна одбрана во областите Одинцово и Нарофоминск во близина на Москва, додека третиот бил заглавен и паднал во главниот град.

Министерството го обвини Киев за нападите. 

Московскиот градоначалник во објава на Телеграм рече дека не се пријавени жртви или повредени во најновиот напад на руската престолнина.

„Оштетена е фасадата на 21. кат на комплексот ‘Москва сити’. Искршено е стакло на површина од 150 метри квадратни“,рекол тој, пренесува Гардијан. 

Total
0
Shares
Поврзани објави