Москва повторно цел на напади со дронови, погодена зграда во центарот на градот

epa10779232 A police officer stands in front of a damaged building in the Moscow-City business center following a reported drone attack in Moscow, Russia, 01 August 2023. According to Moscow’s Mayor Sergei Sobyanin, a drone hit into the same tower building that already was damaged by another drone on 30 July. The facade of the building on the 21st floor was damaged and windows of about 150 square meters were broken. Two drones were destroyed by air defense systems on the territory of the Odintsovo and Naro-Fominsk regions. The Russian Defense Ministry blamed Ukraine for the attack. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Рано утрово беспилотно летало удрило во зграда во изградба во центарот на Москва, соопшти градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, објави новинската агенција АФП.  

Како што пренесува агенцијата, станува збор за шеста по ред ноќ како регионот на главниот град на Русија е цел на воздушни напади со беспилотни летала.  

Градоначалникот на Москва на својот канал на Телеграм соопштил дека руската војска соборила уште две беспилотни летала над западниот дел на московскиот регион.  

Силна експлозија рано утрово се слушнала во централниот кварт на Москва, кратко време откако биле прекинати сите летови на аеродромите во градот, објави руската новинска агенција РИА, пренесува „Гардијан“.  

Инаку, како што се наведува, централниот кварт е оддалечен околу пет километри од Кремљ, седиштето на руското претседателство.  

 „Силен звук се слушна околу 3 часот по московско време, а малку подоцна се издигна чад од зградата во истата област“,пренесе РИА.

Новинската агенција објави видео на кое се гледа како голем облак бел чад се издига од местото каде што се слушнала експлозијата. 

Руското Министерство за одбрана соопштило дека дронот бил онеспособен од противвоздушната одбрана преку електронски методи на војување, по што ја загубил контролата и удрил во зградата.  

 „Во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана спречија уште еден обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни летала врз градот Москва“,соопштило Министерството за одбрана додавајќи дека во нападот нема жртви. 

Покрај нападот врз Москва, два беспилотни летала биле „уништени од системи за противвоздушна одбрана“ во московските области Можајск и Химки, се вели во соопштението. 

Летовите на московските аеродроми утрово повторно биле времено суспендирани, а како што јавуваат агенциите, режимот на сообраќај е повторно воспоставен неколку часа подоцна. 

Инаку, големите аеродроми околу руската престолнина постојано беа затворени во изминатите неколку дена  поради нападите на украински беспилотни летала. 

Нападите со беспилотни летала утрово се најновите во серијата напади врз руската престолнина. Зграда во централниот дел на Москва беше погодена од украинско беспилотно летало рано во саботата, потсетува „Гардијан“.

Летовите на неколку московски аеродроми, исто така, привремено беа прекинати и вчера како мерка на претпазливост поради напади со дронови, соопштија локалните власти.   

Британското воено разузнавање вчера соопшти дека голема е веројатноста дека беспилотно летало да го уништило суперсоничниот руски бомбардер од типот „тупољев“ на аеродром на територијата на Русија.  

На фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи се гледа запален „тупољев Ту-22“ во воздухопловната база „Солци-2“, јужно од Санкт Петербург. 

Total
0
Shares
Поврзани објави