Навивачите на Динамо донесени во суд: Убијци, фашисти ги навредуваа Грците

Грчката полиција уапси околу 100 лица по нередите во пресрет на одложениот натпревар меѓу Динамо и АЕК во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. По ослободувањето на дел од нив, останаа 94, а денеска ќе бидат изведени пред обвинител, објави агенцијата АНА. Сега се објавени и фотографии од навивачите кои пристигнуваат во судот, каде што ги превезува полицијата со автобуси.

Повеќето од нив се Хрвати. Newsit објави дека безбедносните мерки се исклучително строги. Полициски автомобили ги следеа автобусите до крај. Кога стигнале пред судот, насобраните грчки жители ги навредувале извикувајќи „убијци“ и „фашисти“.

Во вторникот доцна вечерта во Игуменица биле донесени уште пет Хрвати, кои наводно учествувале во групата која ги предизвикала крвавите инциденти во Неа Филаделфија, додека со брод требало да отпатуваат за Италија, а оттаму да се вратат во Хрватска пренесува агенцијата АНА.

Освен тоа, вчера во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана. По вчерашните навивачки немири во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, за да ги уапси сите инволвирани во наведените крвави инциденти.

Се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се уште се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството.

Total
0
Shares
Поврзани објави