Намалена затворската казна за велешанецот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче

Пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се намалува затворската казна на велешанецот Ангелче Николов, од 18 на 8 години, била донесена на 10 јули, годинава, потврди Зоран Димитриевски судија одговорен за прашања во врска со предметите од Кривичен отсек на овој суд. Судијата Димитриевски немаше информации зошто пресудата не е „анонимизирана“ поточно објавена јавно на веб страницата на Апелациски суд Скопје но објасни дека денеска превземени биле постапки за нејзино постирање. Така, вечерва по полноќ, пресудата ќе станела јавно достапна.

Димитриевски ја потврди веќе објавената информација на Дума.мк за преиначената првостепена пресуда на Основен суд Велес, за обвинетиот Ангелче Николов, за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ од 17 на 7,5 години и додаде дека потврдена е одлуката на понискиот суд за второто кривично дело „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ во времетраење од една година или соопшти дека вкупно пресметана е казна затвор во времетраење од 8 години.

Според судијата Димитриевски ова е правосилна пресуда која подлежи на вонреден правен лек.

Станува збор за пресудата на велешанецот Ангелче Николов, кој ја прегази 11 годишната Магдалена Иванова од Велес, во сообраќајна несреќа што се случи на 29 декември 2022 година, на пешачки премин пред основното училиште „Васил Главинов“ во Велес. Во несреќата беше повредена и мајката на малолетното девојче.

Дваесет и осум годишниот Николов во првостепената пресуда на Основен суд Велес  доби затворска казна во висна од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.  Тоа беше највисока изречена казна за првото кривично дело.

Во првичната пресуда, Основен суд Велес, на Ангелче Николов му изрече 17 години затвор за првото кривично дело и една година затвор за второто кривично дело, поточно единствена казна во времетраење од 18 години. Во пресудата тогаш беше констатирано дека Николов двете дела ги сторил со умисла, возел под дејство на алкохол, двојно побрзо од дозволеното, го усмртил 11 годишното девојче на пешачки премин, не застанал да им помогне на жртвите, поточно на Иванова и на нејзината мајка која беше повредена и со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец. По неколкудневното криење од органите на прогон Ангелче Николов се предаде на полицијата.

извор Duma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави