Бојан Јовановски: Врз мене се врши незапаметена тортура од Кривичен суд

Се огласи Бојан Јовановски – Боки 13 кој доби 9 години затвор за случајот „Рекет“, се огласи со соопштение во кое информира дека добил фалсификувано судско решение.

„Со ова писмено соопштение за јавност, ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакното барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојаба од животно загрозувачки карактер.

Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање ека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев. Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфеџиќ сето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика!

Во прилог на ова соопштение за јавноста ви ги доставувувам Решението ПК бр. 18/22 од Основниот кривичен суд Скопје, мојата Жалба кон Решението и медицинската документација која е дел од предметот. Во интерес на вистината и транспарентноста, особено поради високиот степен на јавниот интерес, дотолку повеќе што се работи за МОНСТРУОЗЕН И МОРБИДЕН ФАЛСИФИКАТ НА ДЕЦЕНИЈАТА, согласен сум да ги објавите сите документи во целост, со заштита на личните податоци (матичен број ).

За сето погоренаведено ја информирам јавноста дека се известени со посебни барања и иницирани постапки, раководителот на ОЈО за ГОКК Ислам Абази од кого побарав да бидам изведен пред него во итен рок, Амбасадорката на САД во Р.С.Македонија, Судскиот совет на Р.С.Македонија, Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и други меѓународни и домашни организации.“, се вели во писмото потпишано од Јовановски.

Total
0
Shares
Поврзани објави