Напаѓачот на Пендиков се разболе и не се појави на судење,тој пак се чувствува загрозен

Судењето се одложи поради отсуство на обвинетиот, кој со документација од доктор докажа дека е болен, а судијата Бојан Мартиноски му подари верба.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

„На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.

Христијан Пендиков, се чувствува загрозено, нема да бара обезбедување од МВР, но не одговори на прашањето дали со обвинетиот Илија Спасески, за кој тврди дека го натепал, се знае од претходно, како и дали причините за тепачката се нерасчистени односи од порано. Пред медиумите одново се пожали кога беше прашан какви закани добива. Истовремено, тврди дека престојува нормално во Македонија, со надеж дека нема да биде убиен.

„Се чувствувам загрозено. Добивам закани на социјални мрежи – ‘Месенџер’, ‘Инстаграм’. На коментари си читаме закани кај што сакаат да нè убијат. Не се чувствувам добро. Пријавено е во полиција пред неколку месеци и сега пак неодамна. Редовно си пријавуваме. Пријавено е во ОБСЕ, секаде“.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.

Total
0
Shares
Поврзани објави