Наќе Георгиев си поднесе оставка од Судски совет

Наќе Георгиев кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет пред малку си поднесе оставка. Овој негов потег ја одложи свечената заклетва на новоизбраните членови на Судскиот совет. На денешната седница за прв пат требаше во салата да седнат Наќе Георгиев и Антоанета Димовска, а нивната прва задача да биде избор на судии од последната група академци-судии.  

Неофицијално, одложувањето е бидејќи на седницата за судија треба да биде избран синот на новиот член Георгиев, процес кој е забранет според законот за судови кој предвидел дека за судија не може да биде избран кандидат кој е роднина на член на Судскиот совет.

Според информации на Сител, за синот да може да стане судија, штотуку избраниот член Георгиев си поднесе оставка.

Total
0
Shares
Поврзани објави