На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час, почнува викенд гужвата

На камерите ја ЈПДП се забележува дека за излез од државата има голем број возила кои чекаат на „Богородица“, распоредени во пет колони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, но се бележи зголемена фреквенција на возила за излез на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП ‘Богородица’ за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“,пишува во извештајот за состојбата на патиштата што АМСМ го објавил пред неполн час.

На камерите од граничните премини на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), пак, се забележува дека за влез во Грција од македонска страна на границата голем број возила кои чекаат распоредени во пет колони, од кои четири се со возила, а една со камиони.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина професор Маријановиќ

Почина универзитетскиот професор Ѓорѓи Марјановиќ. Тој подолг период имаше здравствени проблеми. Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје…