На Табановце уапсен Драган Даравелски

Денеска на Граничниот премин Табановце е приведен Драган Даравелски, кој се бараше со меѓународна потерница, извести МВР.

Тој ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, додаваат од МВР.

Драган Даравелски е поранешен директор на Царинската управа. Тој во 2007 година беше осуден во отсуство на седум години затвор.

Даравелски во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран.

Total
0
Shares
Поврзани објави