Донирано срце од 20- годишна пациентка – шеста трансплантација на Кардиохирургија

Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.❤️Сега следи критичен период на опоравување. 🙏 Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија.

Болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори, семејството одлучи да ги донира органите.

На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесет годишната пациентка која подолг период беше на дијализа.🙏На пациентите им посакуваме што побрзо опоравување и многу здравје.

На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот.

Венко Филипче

Total
0
Shares
Поврзани објави