Нови дојави за бомби во средните училишта во Скопје

денеска повторно учениците се надвор од своите училишта.Причината за тоа е новата дојава за бомби во четири средни училишта.Досега дојавите за бомби беа после 14 часот кога учениците беа втора смена, а сега тоа се случи рано изутрина кога истите тие ученици беа прва смена.

На електронските адреси на две средни училишта во 9 и 30 часот е упатена закана за поставена експлозивна направа, а истиот заканувачки мејл е пратен и на уште две средни училишта околу 10 часот.

Пред една недела беше уапсено 23 годишно момче чие име стоеше на мејловите за заканите за бомбите, но истото беше ослободено после една вечер помината во полициска станица од кога се провери неговиот дом и утврдија дека нема докази против него.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Маж почина на Кеј

Утрово човек починал додека трчал на кеј, блиску хотелот „Александар Палас.“ На местото се пристигнати брза помош и…