Нови дојави за бомби во средни училишта во Скопје – градот парализиран блокирани улици

Дојавите за бомби во неколку скопски училишта буквално го парализираа сообраќајот во главниот град.

Во период кога завршува работното време за најголемиот дел од скопјани и кога сите брзаат кон своите домови, полицијата одлучи да го забрани приодот покрај средните училишта за каде што постои инфорамција дека е поставена бомба.

Затворени се неколку главни сообраќајници, меѓу кои и таа пред гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на градот.

– Затворена е улицата пред училиштето, полицајците не кажуваат дали екипите на антитероризам се веќе пристигнати во просториите на Јосип Броз Тито. Ученици нема, пешаци нема, а поради безбедност има возило на брзата помош. Полицијата не дозволува да се помине пред училиштето – пренесува Плусинфо.

Од МВР ја потврдија веста за дојавите за бомби и велат дека повторно имало закани во 9 училишта.

„Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

И вчера имаше дојави за бомби во 8 средни училишта.

фото: плусинфо

Total
0
Shares
Поврзани објави