Лекарите стравуваат од можна нова епидемија голема кашлица

Ѝ се заканува ли на Македонија епидемија од голема кашлица? Во државата засега има само два позитивни случаи. Едниот е случај од Кичево, а вториот случај е веќе хоспитализиран во „Козле“ и станува збор за шестмесечно бебе од Скопје. И двете деца не се вакцинирани.

Единствениот виновник за враќање на вакви заборавени заразни болести е резултат на сè помалиот број вакцинирани деца, посочуваат лекарите. 

И министерот Меџити денеска апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца.

Минатата 2023та се евидентирани три случаи на голема кашлица, од кои последниот е во декември, кога кај тримесечно бебе од Струмица, кое веќе е пуштено на домашно лекување, а се заразило од негов братучед била дијагностицирана голема кашлица. Но, деновиве и во регионот се актуелни повеќе случаи со народски познатата магарешка кашлица. Случаи се забележани во соседните држави, а најларамантна е состојбата во Хрватска, каде има над 4 илјади случаи на магарешка кашлица. Во Србија пак, најголем број случаи на голема кашлица се забележани во Белград.

Болеста започнува со поблаги симптоми кои потсетуваат на настинка, но потоа кашлицата станува посилна со чести епизоди на отежнато дишење и затоа е многу важна вакцинацијата, како и тоа болеста навремено да се дијагностицира за да се започне со лекување. 

tv 24.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави