Таксистите на протест, незадоволни од новата локација за такси-станица кај Бит Пазар денеск ја блокираа раскрсницата кај Судска палата и направија хаос во сообраќајкот. Целиот ден скопјани се мачат со автомобили да се движат во Скопје оти сите околи сообраќајници се закрчени од сообраќај.
Таксистите се со барање да им се дозволи повторно да ја користат старата локација, освен новата спроти поликлиниката Бит Пазар.
„Нема работа таму, нема движење на луѓе, сите излези водат до старото место пред Зегин. Нашето барање е да можеме да се паркираме до три возила каде што бевме порано, тоа да ни го овозможи град Скопје, а новата станица да ја користиме за чекање на ред. Ова се казни зашто сме паркирале на старото место бидејќи нема можност да услужиме муштерии на новата локација. Кај новата станица не доаѓа никој, подалеку е и местото е скриено“, велат таксистите.
Од Град Скопје ги отфрлат ваквите барањата. Ги повикуваат таксистите да ја почитуваат одлуката и да не предизвикаат сообраќаен хаос. Но таксистите се упорни дека и понатаму ќе блокираат до исполнување на барањата.
Фото : ALSATM TV
Поврзани објави
Снимка од затвор Струмица , екс полициски началник мете ќелија на оние кои ги апсел
На социјалните мрежи се појавија две снимка од поранешен началник на ПС Кочани кој сега е осуден и…
Илир Мета го поддржа предлогот на Бугарија да и се дадат преговори само на Албанија
Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои патот на Албанија и Северна Македонија…
(Фото) Во превртениот македонски автобус 12 лица повредени
Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце,…
Таксист пронајден мртов кај Железничка
Во Скопје вечерва бил пронајден починат такси возач. Според податоците на Пресс24, вечерва кај Железничка во Скопје, во…