Близнаците Луан и Албан Ахмети се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа што се случи утринава во 2 часот во Бугарија, кога се запали автобусот што се враќаше од Истанбул кон Скопје.
Во несреќата загинаа 45 лица, а седум се повредени и пренесени во болница и немаат сериозни повреди. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од близнаците, за време на нивниот престој во Истанбул викендов, заедно со нивните родители.