Одреден осум дневен притвор за наставникот кој удри ученик

Учениците од албанските паралелки од гимназијата Ибраим Темо,денес протестираа пред Основниот суд во Струга, по вчерашниот инцидент во училиштето, кога нивен сооученик од втора година беше нападнат со железен боксирач од страна на професор по англиски јазик. Со транаспаренти на кои пишуваше „сакаме да се едуцираме“, „како да држиме моливи кога професорот е со ладно оружје“  тие прошетаа и низ струшката чаршија.

„ Денес сме тука за да ги  бараме нашите права , да го кренеме нашиот глас и да бараме отчетност од страна на институциите бидејќи истите немаат преземено содветни мерки претходно“.

„Оваa ситуација можеше да се избегне, бидејќи истиот професор неколку пати е пријавен во полиција, но институциите немаат преземено никакви мерки. Затоа се собравме овде, за овој проблем да не се повтори, не само кај нас туку и во други места. “.

Од СВР Охрид за Алсат изјавија дека веќе е  поднесена кривична пријава против професорот,  Е.С- 57 години од Струга, поради основи на сомнение за сторено казнено дело насилство.

„Пријавата е поднесена до ОЈО Струга.Струшката полиција од ОЈО Струга бара мерка притвор“.

На професорот веќе му била одредена мерка суспензија од три месеци, за друг настан во кој бил инволвиран.

„Досега ги имаме преземено сите мерки до каде ни дозволува законот.Од усмено предупредување, писмено предупредување, суспензија, парична казна,мислејки дека професорот ќе се вразуми нема да се повторуваат истите работи.Но не влијаело тоа кај него позитивно“.

Total
0
Shares
Поврзани објави