„Од адреналинот не ни сфатив дека сум прободен со нож и целиот во крв!“

Најтешко повредениот навивач на Левски за време на гостувањето кај Шкупи пред две недели, Драгомир Андонов, кој беше избоден со нож,за бугарската телевизија „Нова“ раскажа за ужасот што го доживеал во скопски Чаир.

Бугаринот бил прободен во црниот дроб и во првите часови дури се борел за живот, но за среќа преживеал и сега е многу подобро и е пуштен на домашно лекување.

Синоќа бев отпуштен синоќа од болница. Отидовме на натпреварот на шега. Блиску е, соседна земја, многу адреналин за да го поддржиш омилениот клуб. Не сме хулигани и вандали, кои ја расипуваат атмосферата и прават проблеми. Ние се разликуваме од нив“, ја почна својата исповед Драгомир.

Тој потоа објасни како дошло до судирите со локалното население во Чаир.

„Имавме пуштено навигација, која ја избира најкратката рута и почнуваме да влегуваме во населба. Не знаеме која е, нема никаков знак. Гледаме дека има луѓе на улиците, муслимани од соседството. Реши да продолжиме, не знаеме каде сме, немаше полициска кола. Се движиме полека, сите сме облечени во сино. Не направивме апсолутно никаква провокација. Стигнуваме до раскрсница и нè фати сообраќаен метеж – стоиме мирни и чекаме. Седам зад совозачкото седиште и забележувам момче на околу 25-30 години како оди покрај автомобилот. Го гледам на ниво со прозорецот и почнува да ме влече. Мојот шал беше внатре и тој посегна по него и почна да го влече. Кога се обидов да го повлечам, одговорот беше удар во окото. Бев помодрен и отечен. Постојано влечеше, не се откажуваше. Решив да ја отворам вратата. Момчињата почнаа да се спуштаат надолу. Повеќе луѓе се собраа зад момчето што го влечеше шалот. Еден од нив извади дрвена даска и со неа ме удри по главата. Почнаа да пристигнуваат повеќе луѓе. Имам три конци од сето ова“, раскажува Драгомир.

Според неговите зборови, тој и неговите пријатели се обиделе да се вратат во автомобилот и да ги затворат вратите. Токму во овој момент тој бил избоден.

„Подоцна дознав дека сум прободен. Целта ми беше да се извлечам. Ситуацијата пламна за помалку од две минути. И луѓето постојано доаѓаа, фрлаа цевки, шишиња, а во моментот кога успеав да се оттргнам, тие удираа по задното стакло од автомобилот и го скршија. Можев да го видам и другиот автомобил – фрлаа и по нив. Како во филмовите, нештата се случуваа толку брзо. Страшен шок. Главата ми крвари, а од адреналинот не сфаќам дека сум прободен. Застанавме да видиме колкава е штетата и чувствувам дека целата маица ми е мокра. Кога гледам – таа од сина стана црвена. Видов дека има многу крв, дека имам убодна рана. Едното момче кое беше со нас е доктор. Ми даде прва помош. Отидовме да бараме полиција“, дополни навивачот на Левски.

На крајот им се заблагодари на лекарите кои му го спасиле животот.

„Бескрајна благодарност за тоа што го направија, ме преврзаа и постојано ја следеа мојата состојба“, заврши Андонов, навивачот на Левски кој беше прободен во судирите во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави