Откако беше локализиран, пожарот во Штипско повторно се активира – се шири кон селото Драгоево

Откако ноќеска екипите на штипската противпожарна бригада успеале да го локализираат и стават под контрола пожарот кон вчера избувна покрај патот Штип – Радовиш, утрово повторно се активира и се шири кон селото Драгоево.

„Пожарот кој избувна вчера помеѓу штипскиот затвор и селото Драгоево, кој ноќеска беше локализиран и ставен под контрола, во 8:30 часот повторно се активира и се шири кон селото Драгоево. ТППЕ Штип веќе се тргнати кон местото на пожарот, како и екипа на полицијата. Состојбата се следи“,информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.  

Инаку, претходно утрово од ЦУК информираа дека пожарот во Штипско, меѓу затворот и селото Драгоево, бил локализиран ноќеска по 2 часот. Огнот зафатил површина од 130 до 150 хектари.

Во врска со пожарот кој вчера доцна попладне избувна и беснешее кај Липковском на линијата од селата Слупчане – Ваксинце во насока на Алачевце, од ЦУК утрово информираа дека е локализиран ноќеска околу полноќ.  

„Во овој момент нема горење, но поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот екипа на ТППЕ Куманово се наоѓа на терен“,информира директорот на ЦУК.  

Total
0
Shares
Поврзани објави