Пад на доларот, раст на цените на нафтата

На валутните пазари во петокот вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна близу најниското ниво во последните четири месеци.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,85 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 102,38 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 142,95 на 142,45 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1005 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари.

Индексот на доларот е на пат да изгуби околу 0,8 отсто оваа седмица.

Цените на нафтата, пак, претпладнево пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,78 отсто, на 80,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,78 отсто, на 74,75 долари.

Total
0
Shares
Поврзани објави