Повторно дојави за бомби во средни училишта, учениците евакуирани

Од МВР велат дека станува збор за училиштата „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“.

Четири училишта во Скопје утринава повторно добиле закана за поставени бомби во нивните објекти. Од МВР велат дека станува збор за училиштата „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“.

„Денеска во СВР Скопје околу 9:30 часот е пријавено дека на електронската адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,информиераат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавите за дојави за бомби во средните училишта во Скопје почнаа пред две недели, а оттогаш училиштата во главниот град беа евакуирани во шест наврати.

Total
0
Shares
Поврзани објави