ПОТВРДЕНО: Ѓорѓе Давид е повреден во трагичната сообраќајка синоќа во Македонија во која едно лице загина

Рок-музичарот Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа синоќа во Македонија, објавија српските медиуми. Според изворот, Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20 часот, на магистрачниот пат Куманово – граничен премин Табановце.

Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „фолксваген голф“ и патничко возило „опел инсигнија“, за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид – вели изворот.

Од повредите во незгодата починала 49-годишна кумановка, која била сопатничка во возилото „поло“. Две лица се тешко повредени, а се сомнева дека е повреден и самиот Ѓорѓе Давид.

Ѓорѓе Давид не одговара на повиците и пораките, пренесува „Информер“.

Еве што велат од полицијата

Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи синоќа во 20 часот.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави