Пред да си даде отказ, Софијанова ѝ ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника, тврди Сали

На барање на министерот Сали, поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова и директорот на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев на почеток на месецов поднесоа оставки од функциите. Одлуката на министерот следуваше по увидот на Фондот за здравствено осигурување во неколку клиники, при што во Детската клиника биле утврдени нерегуларности во прераспределба на исплатите во однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен

Ексдиректорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, пред да си даде отказ од функцијата, на Клиниката ѝ ги вратила сите исплатени средства, информира денеска министерот за здравство Беким Сали.

На барање на министерот Сали, поранешната директорка на Детската клиника Софијанова и директорот на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев на почеток на месецов поднесоа оставки од функциите.

Одлуката на министерот следуваше по увидот на Фондот за здравствено осигурување во неколку клиники, при што во Детската клиника биле утврдени нерегуларности во прераспределба на исплатите во однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен.

Total
0
Shares
Поврзани објави