Премиерот Ковачевски рече НЕ за францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски го отфрли „францускиот предлог“, ваков каков што е во моментот, за одблокирање на евроинтеграциите. Тој по Самитот ЕУ- Западен Балкан рече дека земјава направила сè, сега ЕУ е на потег. Албанскиот премеир Еди Рама, чија земја, исто така е заложник на бугарското вето, рече дека земјите од регионот ќе продолжат на патот кон ЕУ, надевајќи се дека во наредниот век ќе бидат членки. Срскиот претседател Александар Вучиќ рече дека С. Македонија и Албанија заслужуваат датум. Лидерите на ЕУ ја откажаа прес-конференцијата, која требаше да се одржи по Самитот со Западен Балкан.

Францускиот предлог, ваков каков што е во моментот, е неприфатлив за мене, за Претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел, по самитот ЕУ- Западен Балкан.

Тој вели дека доколку во текот на француското претседателство, кое истекува до крај на месецот, се постигне разбирање за македонските позиции, Македонија е подготвена да се вклучи во разговори за истите за да се започнат преговори до крај на јуни.

„Сакам да порачам – граѓаните на Северна Македонија може да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв плат стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сè, сега ЕУ е на потег“, рече Ковачевски во Брисел.

Total
0
Shares
Поврзани објави