Претреси кај лица што се осомничени дека се поврзани со случајот „Онкологија“

Утринава, како што дознава „360 степени“, се вршат претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.

Од Основното јавно обвинителство велат дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, но повеќе детали не откриваат. Оттаму велат дека кога ќе имаат повеќе детали тие ќе бидат споделени.

Случајот „Онкологија“ се откри откако неделникот „Фокус“ минатата година објави серија текстови за постоење на разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката.  

Потоа од Јавното обвинителство потврдија дека има акција на Клиниката и во неа се прибираат докази во рамки на предистражна постапка, а претреси беа направени во два приватни стана, при што беа одземени одземени компјутери и документација.  

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за…