Приватните превозници денеска најавија дека е можно да не бидат блокирани крстосници низ градот туку само управата на Град Скопје

Приватните превозници денеска најавија дека е можно протестите да бидат насочени само кон Град Скопје, односно да не бидат блокирани крстосници низ градот. Тие во сабота ќе имаат координативен состанок на кој ќе се одлучува како ќе дејствуваат понатаму.

Кемал Муриќ, раководител на секторот сообраќај и контрола во „Слобода Превоз“ најави дека бесот е кон градоначалничката Арсовска, и затоа размислуваат блокадите да бидат само пред Град Скопје.

Приватните превозници во 200 автобуси од понеделникот блокираат неколку крстосници низ главниот град, што предизвика општ хаос во Скопје и сообраќајот е парализиран, па жителите минуваат и неколку часа за да стигнат до работа.

Превозниците бараат да се реши барем дел од долгот кој изнесува 1,5 милиони евра, и дека немаат намера да се повлечат. Арсовска, пак, најави дека нема намера Градот да го плати долгот.

Total
0
Shares
Поврзани објави